Максимално сериозно на тренинзите пред дербито со Беласица (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница максимално активно продолжуваат со подготовките за дерби пресметката од 17. коло во Втората лига - Исток против Беласица која се игра во сабота (14. март) со почеток од 14:30 часот на Градскиот стадион во Штип.



Шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски во очекување на дуелот нагласува дека екипата мора максимално сериозно да пристапи на натпреварот против лидерот во првенството. Ќе биде неопходна крајно квалитетна игра доколку се посакува позитивен резултат. Во таа насока се и тренинзите деновиве, како начин за финална тактичко-техничка подготовка пред мечот.



Како што е познато, натпреварот поради одлуката за забрана за спортски натпревари со присуство на гледачи, како превенција од коронавирусот, ќе се игра без публика.