Мантев од Неготино ќе ја дели правдата на мечот против Плачковица

Петар Мантев од Неготино ќе биде главен судија на натпреварот од 2. коло во Втората лига - Исток меѓу Брегалница и Плачковица кој се игра во сабота (29. август) со почеток од 19 часот на Градскиот стадион во Штип.

На Мантев ќе му помагаат Тоше Ицев од Кавадарци и Зоран Ангелов од Неготино. Четврти судија е Миле Лазов од Неготино. Делегат на натпреварот ќе биде Марјан Пишмановски од Битола, а контролор - Љубе Ристевски од Демир Хисар.