Бод и со играч помалку од дербито со Тиквеш... (ФОТО)

Во тензичен натпревар, вистинска дерби пресметка во Неготино, фудбалерите на Брегалница ремизираа (1-1) против Тиквеш во 5. коло од Втората лига - Исток.

По мирното прво полувреме, во кое главно се играше на средината од теренот со издвоени шанси и на двете страни, вистинските возбудувања се случија во второто полувреме кое мина и со очекувана тензија на теренот ако се знае ривалитетот меѓу двете екипи.

Тиквеш поведе во 64. минута со голот на Александар Мишов, кој по корнерот од левата страна, беше највисок во скокот со глава и од неколку метри погоди во мрежата на Петровски. Во тие моменти на нервоза, црвен картон доби нововлезениот Антонио Митрев поради реакција кон главниот судија.

Но, и со играч помалку Брегалница беше потоа подобра на теренот, па со голот од пенал на Мартин Стојанов во 79. минута успеа да дојде до израмнување и бод од жешкото гостување.

Во финишот „сините“ далеку подобри постигнаа и погодок за триумф од 1-2, но поништен поради наводна офсајд позиција.



ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (5. коло)
Тиквеш - БРЕГАЛНИЦА 1-1 (0-0)

Градски стадион во Неготино. Натпревар без публика. Стрелци: Мишов 64' (Т) - М. Стојанов 79'(п) (Б).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (5. КОЛО)
Тиквеш - Брегалница 1-1
Саса Каменица - Кит Го 2-3
Кожуф - Победа 2-1
Осогово - Слога Виница 1-1
Плачковица - Росоман 3-0