Против Беласица во осминафиналето од Купот на Македонија

Фудбалерите на Брегалница ќе играат со Беласица во осминафиналето од Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Брегалница на дуелот кој ќе се игра на 21. октомври ќе биде домаќин во Штип во пресметката со струмичани.

Поради пандемијата на коронавирусот ќе се игра само еден натпревар по што ќе биде познат патникот во четвртфиналето од најмасовното домашно клупско натпреварување.

КУП НА МАКЕДОНИЈА - ОСМИНАФИНАЛЕ
Академија Пандев - Вардар
Македонија ЃП - Каменица Саса
Шкендија - Гостивар
Шкупи - Кит Го
Кожуф - Силекс
Струга ТЛ - Работнички
Брегалница - Беласица
Ренова - Пелистер
* Натпреварите се играат на 21. октомври