Со убедлива игра Брегалница дојде до посакувана победа од 3-0 против Кожуф во дербито на 12. коло од Втората лига - Исток. А творец на победата беше Андреј Кудијан кој запиша два погодоци уште во првото полувреме.
„На секој натпревар во секое коло сезонава го даваме максимумот. Знаевме дека Кожуф е повеќе од цврста екипа, незгодна за секој противник, па затоа максимално сериозно влеговме во натпреварот и на крајот успеавме да дојдеме до посакуваните три бода“ - вели Кудијан.
„Сините“ веќе во среда (25. ноември) ги очекува нов натпревар во првенството, гостувањето против Осогово во Кочани.
„Во среда како и на секој друг натпревар, со ладни глави одиме и на гостувањето во Кочани кое е сигурно едно од најтешките во оваа лига. Екипата е секогаш мотивирана, но и посветена на крајната цел сезонава. На секој натпревар одиме на победа за нас и клубот, но секако и за навивачите кои се постојано со нас, бодрејќи не и надвор од стадионот во овие специфични времиња“ - истакнува Кудијан.