Реми со идентични 1-1 и на втората дерби-пресметка со Тиквеш сезонава

Брегалница и Тиквеш во дерби-пресметката од 14. коло во Втората лига - Исток ремизираа со идентични 1-1 како и на првиот меѓусебен натпревар сезонава. „Сините“ на тој начин ја задржаа предноста од пет бода во однос на Тиквеш на врвот од табелата.

А, првото полувреме иако мина без голови, беше одбележано од далеку подобрата игра на нашиот тим. Во 18. минута првата одлична шанса за Брегалница. Наумов со глава одлично проигра на втор дирек каде Бакрачески осамен, но за малку покрај голот на Тиквеш. Во 20. минута веќе и втора можност за „сините“, но Додев за малку непрецизен.

Во 31. минута нова извонредна шанса за Брегалница. Наумов повторно проигрува, а Кристијан Ацковски од само 7-8 метри шутира, но брани гостинскиот голман.

Доминацијата на Брегалница на теренот вроди со плод во 47. минута, кога по одличната акција на Додев и Бакрачески, Мартин Стојанов стрелаше за водство од 1-0.



Сепак, гостите брзо дојдоа до израмнување со голот на капитенот Ѓорѓи Мојсов во 53. минута.

Во 69. минута нова одлична шанса за составот на Марјан Секуловски, но по шутот на Ристе Наумов гостинскиот голман повторно брани. Во 74. минута и Тиквеш имаше одлична шанса, но гредата го спаси голот на Брегалница по ударот со глава на Гроздановски.

До крајот мирна завршница на натпреварот за конечно реми (1-1), како и на првиот меѓусебен дуел сезонава.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (14. коло)
БРЕГАЛНИЦА - Тиквеш 1-1 (0-0)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: М. Стојанов 47' (Б) - Мојсов 53' (Т).


ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (14. коло)
Брегалница – Тиквеш 1-1
Кит Го – Каменица Саса 0-0
Победа – Кожуф 1-2
Росоман – Плачковица 0-1
Слога Виница – Осогово 3-0