СООПШТЕНИЕ НА ФК БРЕГАЛНИЦА: Жалење за инцидентот пред дербито

ФК Брегалница изразува жалење за несаканиот инцидент кој се случи меѓу дел од навивачите на Брегалница и Тиквеш во пресрет на денешниот дерби натпревар од 14. коло во Втората лига - Исток.

Несаканите сцени апсолутно не се во согласност со начелата кон кои тежнее ФК Брегалница како клуб кој е максимално посветен на определбата за исфрлање на насилството од терените и надвор од нив, останувајќи вистински спортски пријател со сите фудбалски чинители во Македонија. Отворено го искажуваме нашиот став за крај на немили ситуации кои нанесуваат штета на фудбалот воопшто.

Испраќаме силна порака за максимално фер и коректно навивање и во иднина, како единствен начин за спречување на сите немили сцени, како оние денешните, на и околу нашите фудбалски стадиони. Па, заедно со сите наши поддржувачи и навивачи, ФК Брегалница да биде вистинскиот пример-двигател за промоцијата на спортот во регионот и во Македонија.

ФК БРЕГАЛНИЦА