Премин кон втората подготвителна фаза, Муарем веднаш активиран на подготовките (ФОТО)

Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски продолжува со активниот ритам низ подготовките на тимот за пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток.

„Сините“ веќе навлегуваат и во втората фаза од подготовките кога се активираат и пријателските дуели. Првиот е веќе во сабота (23. јануари) против Кит Го во Штип.



Веднаш по вчерашната промоција, на подготовките се приклучи и најновото засилување, фудбалерот од средниот ред, Муарем Муарем.



По првиот тест со Кит Го ќе следат уште пет пријателски натпревари. На 30. јануари е пресметката со Осогово, на 3. февруари дуелот со Сремска Митровица во Дојран, на 6. февруари против Беласица, за 13. февруари пресметката со Кожуф, а генералката ќе биде на 20. февруари против лидерот во Втората лига - Запад, екипата на Скопје.

Првиот натпревар од пролетната сезона во Втората лига - Исток, Брегалница го игра на 27. февруари против прилепска Победа на домашен терен.