Фудбалерите на Брегалница одиграа без голови со лидерот по есенскиот дел во Втората лига - Запад, екипата на Скопје, на последниот пријателски натпревар пред продолжението од шампионатите во второлигашката конкуренција.
На дуелот кој се одигра на игралиштето на Бело Брдо во Штип, во главно рамноправен дуел, избраниците на Марјан Секуловски имаа можности и за триумф против составот од Скопје, но на крајот мрежите на двете страни мируваа.
Во секој случај, повеќе од квалитетна контрола за заокружување на тест периодот за „сините“ пред стартот на пролетната сезона во Втората лига - Исток.
Шефот на стручниот штаб, Марјан Секуловски натпреварот со Скопје се одлучи да го стартува во следниот состав: Денковски, Митров, Д. Стојанов, Манев, Маневски, Бакрачески, Ацковски, Дујовски, Додев, М. Стојанов, Кудијан.