„СИНИТЕ“ ЈА ПОЧНУВААТ ПРОЛЕТНАТА СЕЗОНА: На победа против Победа

„Сините“ денеска од 14 часот на својот стадион во Штип ја почнуаат пролетната сезона од шампионатот во Втората лига - Исток.

И покрај предноста од седум бода пред конкурентите стекната низ натпреварите од есенскиот дел, од таборот на Брегалница најавуваат максимално сериозен пристап на секој натпревар во желбата за остварување на своите цели и амбиции. Така ќе биде и денеска на натпреварот против прилепска Победа.

Во очекување на вториот дел од шампионатот составот на Марјан Секуловски дополнително е засилен со извонредните фудбалери од средниот ред, Муарем Муарем и Владимир Дујовски, како и со младиот Христијан Торневски кој пристигна од редовите на Пелистер. 

Во меѓусебен заеднички договор за прекин на соработката, клубот единствено го напуштија Сашо Шопоски, кој се пресели во редовите на Тетекс, како и Анес Османоски кој продолжува во Борец.