Победнички старт на пролетта: Триумф над Победа (ФОТО)

Согласно посакувањата, фудбалерите на Брегалница дојдоа до посакуваната победа на стартот од пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток. На натпреварот од 17. Коло во Штип, „сините“ славеа со 2-1 против прилепска Победа.
 
Брегалница одлично го почна натпреварот со тотална доминација пред голот на Победа. Се редеа шансите на Наумов и Манев низ првите 20 минути, а потоа следеше казната на спротивната страна. По една грешка во одбраната на „сините“, Победа со голот на Дарко Грозданоски во 23. минута дојде до предност од 0-1.
 
Во продолжението и натаму единствено игра пред голот на Победa, но останаа нереализирани бројни шанси за составот на Марјан Секуловски.


 
Во второто полувреме, максимално агресивно од почетокот за „сините“ кои во 54.минута по прекрасниот продор на Маневски по левата страна стигнаа до израмнување со голот на Мартин Стојанов.
 
Низ континуираните офанзивни акции на Брегалница, погодокот за пресврт следеше во 75.минута. Ристе Наумов одлично го проигра Дарко Додев пред голот на Победа, кој од непсредна близина погоди за 2-1.
 
До крајот тензичен натпревар со два црвени картони, најпрво исклучување за Дарко Анѓелески во 75.минута кај гостите, а потоа и втор жолт картон и исклучување за Андреј Кудијан во финишот од натпреварот кај Брегалница. Но, низ многу борба во финишот, резултатот остана непроменет
 
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (17. КОЛО)
БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 2-1 (0-1)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: М. Стојанов 54’, Додев 75’ (Б) – Грозданоски 23’ (П).


ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (17. КОЛО)
Слога Виница – Кит Го 0-2

Брегалница – Победа 2-1
Тиквеш – Росоман 3-0
Осогово – Каменица Саса 1-1
Кожуф – Плачковица 0-0