-
10.03.2021
-
Млади категории
Тимовите од младинските категории на Брегалница имаа одличен старт на пролетната сезона во младинската Суперлига на Македонија и Втората лига.
Во младинска конкуренција, „сините“ славеа против екипата на Куманово со 2-0, а стрелец на двата погодоци беше Леон Цуцковски.
Кадетите запишаа убедлива победа од 5-0 против кумановци. Два гола постигна Матеј Георгиев, а по еден запишаа Јован Дојчинов, Бране Ангелов и Марио Аџиев.
Пионерите и помладите пионери славеа гостински победи против Куманово. Пионерите триумфираа со 0-3 со головите на Иса Дурмишов, Теодор Наков и Оливер Тодоров, додека помладите пионери победија со 2-3 со погодоците на Еди Мандак, Душан Пачемски и Аџиев.
Во следното коло екипите од пионерско-младински категории ќе се соочат со екипата на Македонија ЃП.