Натпреварот со Кожуф, сепак, во сабота, денеска ПЦР-тестови

И покрај првичната одлука сите второлигашки натпревари пред велигденските празници да се играат утре (30. април), Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука, сепак, сите натпревари од 25. коло од Втора МФЛ - Исток и Запад да бидат одиграни на 01. мај 2021 (сабота) со почеток од 13 часот.

Па, и „сините“ својот натпревар против гевгелиски Кожуф од престојното коло ќе го играат во сабота, во очекување и на потврдата на прволигашкиот пласман по одличната сезона на составот на Марјан Секуловски.

За денеска, согласно протоколите за здравствена заштита од коронавирусот Ковид-19, ќе биде извршено ПЦР-тестирањето на 25 фудбалери и членови на стручниот штаб на Брегалница.