Брегалница го промовира и второто засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Хрватот Антонио Азиновиќ.
29-годишниот Азиновиќ кој игра на десната дефанзивна позиција, доаѓа од редовите на словенечкиот суперлигаш Табор Сежана. Претходно, со богато интернационално искуство, има настапи и за Хорн во Австрија и словенечки Брезице.
„Уште еден фудбалер како дел од најавите за искусни засилувања кои ќе бидат дополнение на младоста во нашиот тим“ - вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.
Претходно, Брегалница како свое прво засилување го промовираше и поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов кој дојде од редовите на кипарски АЕК Ларнака.