Брегалница продолжува со ангажманот на квалитетни засилувања за наредната сезона откако штипскиот прволигаш го комплетираше трансферот на бугарскиот репрезентативец Иван Минчев.
Станува збор за 30-годишен фудбалер кој настапува во средниот ред и доаѓа во Брегалница од редовите на Берое. Претходно, овој фудбалер го има носено и дресот на ЦСКА Софија, Спартак Варна, Монтана и Славија Софија, а има и неколку настапи за бугарскиот национален тим. Во Минчев нашиот клуб добива и на квалитет и на искуство во клучниот дел од теренот.
Минчев е третото засилување на Брегалница за наредната натпреварувачка сезона, откако беа потпишани македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов и Антонио Азиновиќ. Исто така, беше потпишан нов договор и со талентираниот голман Денковски, кој е дел од младинската репрезентација на Македонија.