Нови договори за Мартин Стојанов, Бакрачески и Дујовски

Брегалница продолжува со комплетирање на играчките редови за враќањето во Првата македонска фудбалска лига, преку дополнување и на нови договори со досегашните првотимци на тимот.

По одличната сезона, нови договори со „сините“ и официјално потпишаа крилниот офанзивец Мартин Стојанов, и фудбалерите од средниот ред Владимир Дујовски и Наумче Бакрачески.

22-годишниот Мартин Стојанов е еден од најголемите македонски фудбалски таленти кој зад себе запиша извонредна сезона во дресот на Брегалница. Стојанов и во следната сезона треба да биде еден од клучните играчи на „сините.



Наум Бакрачески е поранешен фудбалер на Металург и Тиквеш, кој во редовите на Брегалница игра од 2019 година. Сега продолжува во редовите на „сините“ во средниот ред на тимот.



25-годишниот Владимир Дујовски на почетокот од оваа година од редовите на Кит Го дојде во редовите на нашиот клуб, и со игрите максимално ја оправда довербата изнудувајќи продолжување на соработката.



„Сините“ имаат и три засилувања досега низ преодниот рок. Нови членови на Брегалница се поранешниот бугарски репрезентативец Иван Минчев, кој игра во средниот ред. Засилена е и одбрата со македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов и Антонио Азиновиќ. Исто така, беше потпишан нов договор и со талентираниот голман Денковски, кој е дел од младинската репрезентација на Македонија.