Триумф на првиот тест на Златибор: Два гола на Кудијан за победа над црногорскиот прволигаш Морнар

Брегалница со победа ги стартуваше подготовките во српскиот туристички центар Златибор за новата сезона во македонскиот шампионат.

Избраниците на Марјан Секуловски на првиот пријателски натпревар на Златибор, триумфираа со 2-0 (1-0) против црногорскиот прволигаш Морнар.



„Сините“ беа далеку подобар тим на теренот во еден вистински натпреварувачки натпревар со жестоки дуели, нервоза на моменти и очигледно силна желба и на двете страни за триумф. На крајот сосема заслужен триумф за Брегалница која до победата дојде со двата погодоци на Андреј Кудијан. На првиот беше стрелец во 20. минута од средбата, а вториот за конечна победа од 2-0 го запиша во 73. минута од натпреварот.

Секуловски шанса на натпреварот им даде буквално на сите расположиви сили.



Следниот тест дуел за „сините“ е на 14. јули против српскиот Графичар кој од клупата е предводен од поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски.