Победа против Бачка за крај на подготовките на Златибор

Брегалница со победа ги заврши подготовките на Златибор, триумфирајќи против српскиот прволигаш Бачка Паланка со 2-1 на четвртиот тест дуел.

Одличниот почеток на натпреварот на „сините“ со погодок го круниса Мартин Стојанов уште во 13. минута.

Во продолжението израмнета игра, со континуирана контрола на играта во средниот ред на составот на Марјан Секуловски кој ја дуплира предноста во 72. минута со голот на кадетскиот репрезентативец Љупче Кудев.

Противниците успеаја да намалат на 2-1 во 76. минута, што на крајот се покажа и како конечен резултат.



Брегалница денешниот натпревар го почна натпреварот во следниот состав: Денковски, Манев, Маневски, Азиновиќ, Мојсов, Бакрачески, Дујовски, Минчев, М. Стојанов, Додев и Ѓокиќ. Во второто полувреме шанса добија и останатите расположиви сили во составот на Марјан Секуловски.

Утре „сината експедиција“ се враќа во Македонија каде ќе биде реализирана последната фаза од подготовките пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.