Денковски и Манев на списокот на Канатларовски за квалификациските натпревари против Франција и против Србија

Голманот Давид Денковски и дефанзивецот Јован Манев се повикани за настап во младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година за двата септемвриски натпревари против Франција и против Србија во квалификациите за ЕП 2023.

Новиот македонски селектор Драган Канатларовски се одлучи да ги повика Денковски и Манев за стартот на квалификации на националниот тим за место на Европското првенство 2023 година во Романија и во Грузија.

Првиот септемвриски натпревар репрезентацијата до 21 година го игра против Франција во Ле Ман на 2. септември, додека дуелот со Србија е на 7. септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.