Пораз од Ренова во Тетово

Фудбалерите на Брегалница го запишаа највисокиот свој пораз сезонава во Првата македонска фудбалска лига на гостувањето против Ренова во Тетово.

„Сините“ загубија од лидерот во шампионатот со 5-2, во отворен натпревар со серија погодоци. По почетното испитување на силите домашните поведоа со голот на Јусуфи во 22. минута. Но, по само три минути Марјан Алтипармаковски израмни на 1-1.

Сепак, до крајот на полувремето Ренова со уште два гола, на Селмани и на Шефити стигна до предност од 3-1.

Во второто полувреме Брегалница тргна нешто поагресивно во нападот, па во 53. минута капитенот Јован Манев намали на 3-2. Во продолжението домашните ја искористија отворената игра на „сините“, па преку брзи контранапади дојдоа до убедлива победа од 5-2 со головите на Илиески во 74. минута и на Мустафов во 90. минута.


ПМФЛ - 8.КОЛО
Ренова - БРЕГАЛНИЦА 5-2 (3-1)

Градски стадион во Тетово. Стрелци: Јусуфи 22', Селмани 33', Шефити 37', Илиески 74', Мустафов 90' (Р) - Алтипармаковски 25', Манев 53' (Б)