На крилјата на Мартин Стојанов убедливо освојување и на Битола!

Ново моќно издание на фудбалерите на Брегалница и убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Пелистер во Битола во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Уште од самиот почеток на натпреварот под „Тумбе кафе“ во Битола, составот на Марјан Секуловски јасно ја демонстрираше определбата да дојде до трите бода. Од самиот старт се нижеа шанси пред голот на Пелистер, останаа неискористени обидите на Ескиќ, Алтипармаковски, Стојанов..., за да конечни во 35. минута водство од 0-1 за „сините“. Откако беше направен пенал над Алтипармаковски успешен реализатор на ударот од белата точка Мартин Стојанов за предност на Брегалница на полувремето.

Во првото полувреме за доминацијата на Брегалница доволно зборува и податокот дека сините фудбалери имаа осум удари кон противничкиот гол, притоа и со шест корнери.

Во вториот дел сосема еднаква игра на теренот. Брегалница поконкретна, тактички и технички далеку подоминантна, па во 74. минута по убавото нафрлување на Михаил Маневски од левата страна, Мартин Стојанов од 12 метри мајсторски шутира ниско по земја за водство од 0-2.

Но, до крајот и покрај привидните обиди на домашните да дојдат барем до почесен погодок, и натаму фудбалерите на нашиот тим далеку поконкретни во нападот. По еден брз контранапад во кој Ескиќ извонредно го пронајде во нападот нововлезениот Кудијан, домашниот голман успеа во прв момент да го спречи нападот но на одбиената топка натрча Стефан Коцев и ги постави конечните 0-3.

ПРВА ЛИГА - 11. КОЛО
Пелистер - БРЕГАЛНИЦА 0-3

Стадион „Под Тумбе кафе“ во Битола. Стрелци: Мартин Стојанов 35'(п), 74', Коцев 90'+1 (Б).