Феноменално издание на „сините“: Убедлива победа од 4-0 против украинскиот премиерлигаш Металист 1925

Фудбалерите на Брегалница во повеќе од убедливо издание славеа со 4-0 (1-0) против украинскиот премиерлигаш Металист 1925 од Харков.

На стадионот на „Астериа Кремлин палата“ во Белек, избраниците на Илчо Ѓорѓиоски демонстрираа извонреден фудбал надигрувајќи го еден од најдобрите тимови во Украина за сосема заслужена убедлива победа.

По одличниот почеток на натпревар во кој „сините“ комплетно доминираа со неколку изградени шанси, следеше водството од 1-0 со евро-голот на Бобан Георгиев во 32. минута со шут од далечина.



Во второто полувреме, сосема еднакво издание на Брегалница, па веќе во 56. минута нововлезениот Марјан Алтипармаковски зголеми на 2-0. Но, на тоа не се застана. Офанзивната игра резултираше и со трет погодок во 71. минута кој беше дело на Дарко Додев за 3-0.

И кога се мислеше дека ќе следи крај со тој резултат, „сините“ не мислеа така. Па во 88. минута Алтипармаковски со својот втор гол ги постави конечните 4-0.

За доминацијата на Брегалница доволно зборува и податокот дека упатија вкупно 14 удари во противничкиот гол, за разлика од противникот кој имаше само три.

Шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски денешниот пријателски натпревар против Металист 1925 го стартуваше со следниот состав: Денковски, Коцев, Азиновиќ, Манев, Дамјановиќ, Живулиќ, Ацковски, Ескиќ, Стојанов, Георгиев и Ѓокиќ. А, во второто полувреме шанса добија и: Мојсов, Кудев, Николоски, Додев, Алтипармаковски, Бакрачески, Бошевски, Андонов, М. Георгиев...