Фудбалерите на Брегалница со пораз од 1-2 од Ренова на домашен терен ја отворија пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига.
И покрај тоа што „сините“ беа надмоќна екипа на теренот во Штип, сепак само поради сопствените грешки дозволија пораз од Ренова. Првата грешка во 16. минута кога по една сосема безопасна топка од 40 метри, голманот Денковски погрешно процени и со лоша интервенција постигна автогол за водство на гостите од 0-1.
И покрај иницијативата во првото полувреме сепак избраниците на Илчо Ѓорѓиоски не успеаја да дојдат до израмнување до крајот на првите 45. минути. Гостите пак беа единствено концентрирани на одбрана на својот гол.
Второто полувреме почна како и првото. По една безопасна акција на Ренова, мешаница пред голот на Денковски и Серафимовски успева да го совлада за 0-2.
Веднаш следеа атаците на Брегалница, па во 58. минута по проигрувањето на Јован Манев од десната страна, нововлезениот Урош Дамњановиќ од непосредна близина погодува за 1-2.
До крајот максимални атаци на „сините“ во обидот да израмнат, во 90. минута и Марјан Алтипармаковски имаше 100% шанса, но кога сите очекуваа погодок шутираше над голот на гостите.
ПМФЛ - 19. КОЛО
БРЕГАЛНИЦА - Ренова 1-2 (0-1)
Градски стадион во Штип. Стрелци: Дамњановиќ 58' (Б) - Денковски 16'(аг), Серафимовски 52'(Р)