Брегалница стави крај на натпреварите без триумф на стартот од пролетниот дел од сезоната. Сосема заслужено составот на Илчо Ѓорѓиоски триумфираше против Пелистер, за заокружување на вториот круг од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
Милан Ѓокиќ повторно беше стрелец за „сините“ во натпревар за победа.
„Се радувам на погодокот против Пелистер, но секако позадоволен сум од забележаната победа, кој ете на некој начин значи крај на резултатската криза. Да бидам искрен заслуживме победа и на некој од претходните дуели оваа пролет, но ете немавме и среќа во одредени ситуации. Како и да е, сега сосема заслужено дојдовме до трите бода, кои треба да ни бидат сега мотив за уште поквалитетни изданија и победи и на следните натпревари“ - вели Ѓокиќ.
„Сините“ сега ги очекува во недела натпреварот со велешки Борец во Штип на стартиот од третиот круг натпревари.
„Очигледно е дека сите екипи во шампионатот имаат квалитет за надигрување со секого, па сигурно нема да биде лесен натпревар и со Борец, но јасно е дека ние размислуваме само на нов триумф пред нашите навивачи“ - дополнува Ѓокиќ.