Манев и Денковски повикани од Канатларовски за квалификациските натпревари со Србија и со Фарските острови

Голманот Давид Денковски и дефанзивецот Јован Манев очекувано повторно се повикани од селекторот Драган Канатларовски за мартовските валификациски натпревари на младата репрезентација за пласман на ЕП 2023.

Македонските надежи на 24. март ќе играат против Србија во Белград со почеток од 17 часот, а на 29. март, на стадионот „Тодор Проески" во Скопје, од 18 часот ја пречекуваат селекцијата на Фарски Острови.

Денковски и Манев се стандардни првотимци во младата селекција низ актуелниот квалификациски циклус под водство на Драган Канатларовски.