Со голот на Ѓокиќ триумф над Тиквеш во последниот натпревар сезонава на домашен терен

Фудбалерите на Брегалница со триумф се збогуваа од своите навивачи оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига, во првата сезона по петгодишните претходни настапи во второлигашката конкуренција.

Во последниот натпревар на домашен терен сезонава, избраниците на Илчо Ѓорѓиоски сосема заслужено триумфираа со 1-0 против Тиквеш во претпоследното 32. коло од шампионатот.

„Сините“ комплетно доминираа на терен, па сето тоа вроди со плод со погодокот на Милан Ѓокиќ во 42. минута за триумф од 1-0.

Во последното коло од првенството во недела (15. мај) од 17 часот Брегалница ќе гостува на Скопје во Автокоманда.

ПРВА ЛИГА - 32. КОЛО 
БРЕГАЛНИЦА - ТИКВЕШ 1-0 (1-0)

Градски стадион во Штип. Гледачи: 2.500. Стрелец: Ѓокиќ 42'