Денковски и Манев од денеска на собирот на младата репрезентација за последните два квалификациски натпревари (ФОТО)

Младите фудбалери на Брегалница, голманот Давид Денковски и централниот дефанзивец Јован Манев од денеска, со првиот собир, се приклучија на младата репрезентација на Македонија до 21 година, која го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.

Нашите млади фудбалери заедно со селекторот Драган Канатларовски и неговиот стручен тим денеска официјално го означија почетокот на подготовките за двата последни квалификациски меча против селекциите на Ерменија и Украина.



На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески" гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, Македонија игра против Украина во Истанбул, Турција.

Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10. и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.