ФК Брегалница, по завршувањето на сезоната 2021/2022, спогодбено го раскина договорот и со крилниот дефанзивец Анџело Николовски.
20-годишниот Николовски е дел од генерацијата фудбалери на Брегалница во тимот кој го врати клубот во прволигашкото друштво, оставајќи силна трага во дресот на „сините“. Потекнува од школата на Брегалница а изминатава сезона настапуваше и како позајмен фудбалер во редовите на ФК Кит Го.
Николовски, кој е член и на младинските репрезентации на Македонија, пред себе е со можност за продолжување на кариерата во странство, а Брегалница останува во таа насока отворена со поддршка за своите млади фудбалери.
Претходно, како што е познато, со завршувањето на сезоната 2021/2022 завршија и договорите со клубот за голманот Илче Петровски, дефанзивците Наумче Бакрачески, Филип Миленковски и Хрватот Диего Живулиќ, и фудбалерите од средниот ред Владимир Дујовски, Бобан Георгиев и Кристијан Ацковски.