Од денеска подготовките продолжуваат во Пехчево (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница под водство на шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски, од денеска подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ги реализираат во Пехчево.

По неколкудневните тренинзи во Штип, од денеска комплетниот тим веќе го одработи првиот тренинг во Пехчево, во спортскиот комплекс „Гогов“, каде ќе се остане до 5. јули а планирано е одигрување и на еден пријателски натпревар во овој период.



Со „сините“ подготовките ги одработуваат и досегашните четири засилувања, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.