Убедлива победа (4-0) против Кожуф на пријателскиот натпревар во Штип

Фудбалерите на Брегалница ја запишаа и третата победа за време на летниот подготвителен период, славејќи со убедливи 4-0 (1-0) на пријателскиот натпревар против гевгелиски Кожуф кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Избраниците на Илчо Ѓорѓиоски до предност дојдоа уште во првото полувреме, а уште два погодоци беа постигнати во вториот дел. Најпрво погоди офанзивецот Милан Ѓокиќ, а потоа својот прв погодок во дресот на Брегалница го постигна и повратникот во тимот и засилување за новата сезона, младинскиот репрезентативец Иван Николов. Конечните 4-0 во финишот на мечот ги постави Дино Михолов.



Претходно, „сините“ на тест-дуелите триумфираа против прилепска Победа (2-0) и српскиот Трајал од Крушевац (2-0), а ремизираа без голови со Работнички и романската Стеауа Букурешт.