Брегалница во недела (19:45 ч.) дел од јубилејот „100 години Беласица“

Продлабочувајќи ја соработката меѓу двата клуба, ФК Брегалница во недела (31. јули) ќе биде специјален гостин на ФК Беласица на настанот преку кој ќе биде одбележана 100-годишнината од формирањето на струмичкиот клуб.

 Целокупната дневна агенда во знак на   одбележување на јубилејот на Беласица, со   богати бројни забавни содржини, на крајот ќе   биде  заокружена од 19:45 часот со фудбалскиот   натпревар на стадионот „Благој Истатов“ во   Струмица меѓу Беласица и Брегалница.

 За „сините“, без сомнение, претставува огромна   чест и задоволство што ќе бидат дел од јубилејот   на Беласица, верувајќи дека нашето гостување во   Струмица ќе биде дополнето и со голем број   навивачи на Брегалница кои ќе присуствуваат на   натпреварот во недела во знак на поддршка на   својот клуб но и збогатување на целокупниот   спектакл.

 За составот на Илчо Ѓорѓиоски натпреварот со Беласица во недела ќе биде и генералка пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.