Ѓокиќ: Струга ТЛ покажа во првото коло дека ќе се бори за највисок пласман во лигата, но со поддршка од навивачите веруваме во ново славје

По одличното издание и триумфот на стартот од сезоната на гостувањето против Академија Пандев во Струмица, фудбалерите на Брегалница денеска од 17 часот со својот прв натпревар сезонава пред својата публика во Штип. „Сините“ денеска во 2. коло од ПМФЛ на Градскиот стадион во Штип на мегдан со уште една од екипите кои со својот квалитет се издвојуваат во лигата.

Свесни се во таборот на Брегалница дека следи уште еден тежок натпревар, но секој поединец во тимот повторно е подготвен да го даде максимумот во желбата за нов позитивен резултат.

„Секако задоволни сме што сезоната ја почнавме со победа, и тоа на така тешко гостување во Струмица. Но, сето тоа е зад нас, а ние се фокусираме на секој следен натпревар“ - вели офанзивецот Милан Ѓокиќ, и дополнува:

„Добро работевме изминатава недела, анализиран е и противникот и останува само да го дадеме максимумот на терен за да дојдеме до посакуваниот резултат. Знаеме дека секој натпревар во лигата е различен и со своја специфична тежина. Така ќе биде и овој против Струга ТЛ, тим кој во првото коло покажа дека ќе се бори за највисок пласман во лигата. Но, со поддршка од навивачите, која ни е потребна на секој натпревар, верувам дека можеме до ново славје“.

Главен судија на натпреварот кој почнува од 17 часот на Градскиот стадион во Скопје ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.

ПРВА ЛИГА - 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА - СТРУГА ТЛ
Прилеп: ПОБЕДА - ТИКВЕШ
Струга: ШКЕНДИЈА - СИЛЕКС
Скопје: РАБОТНИЧКИ - АК. ПАНДЕВ
Слободен е Скопје
ВЧЕРА
Скопје: ШКУПИ - МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1 (0-0)
Трапановски 67', Цефас 70' (Ш) - Скендери 87' (МЃП)