Брегалница во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига денеска од 17 часот во Кавадарци на мегдан со Тиквеш.
По претходниот незаслужен пораз од Струга ТЛ на домашен терен, сега „сините“ повторно во нов гостински предизвик, желни за победа.
Фудбалерот од средниот ред, Адис Хаџановиќ е свесен дека ќе биде тоа тежок натпревар, но најавува максимална борба на теренот во Кавадарци.
„Против Струга ТЛ не заслуживме пораз. Бевме поблиску до победата, но сигурно најмалку заслуживме бод. Сепак, ете и тоа сега ни носи дополнителен мотив за квалитетно издание во Кавадарци, каде верувам нема да разочараме. Имаме компактна екипа која знае што сака на терен“ - вели Хаџановиќ, и дополнува:
„Факт е дека нема да ни биде лесно, затоа што Тиквеш има силен тим. Максимално ги почитуваме, но ние чекориме по нашиот пат“.