Брегалница повеќе од заслужена се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија откако беше подобра од прволигашот Македонија ЃП по 180 минути игра славејќи со вкупен резултат од 1-0.
Брегалница обезбеди место во четвртфиналето од Купот на Македонија елиминирајќи го еден од најдобрите прволигаши во моментов во македонскиот фудбал, тимот на Македонија ЃП. На реванш дуелот од осминафиналето избраниците на Добринко Илиевски одиграа без голови (0-0) што беше доволно за продолжување понатаму
Фудбалерите на Брегалница денеска во Ѓорче Петров од 13:30 часот го играат реванш натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија против Македонија ЃП.
Селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Драган Канатларовски го повика и младиот фудбалер на Брегалница, Матеј Ѓоргиев за настап во националниот тим на пријателските натпревари против Романија кои ќе се одиграат на 5. ноември и 7. ноември во Скопје.
Кадетите на Брегалница се пласираа во полуфиналето од Купот на Македонија во соодветната конкуренција, откако славеа убедливо со 2-4 и на реванш натпреварот од четвртфиналето против Пелистер.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.