Фудбалерите на Брегалница ремизираа (1-1) на гостувањето против Кит Го во Пехчево, во последниот натпревар од 6. коло во Втората лига - Исток.
По триумфот против Македонија ЃП во првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија повторно е вратена максимално позитивната атносфера во редовите на Брегалница пред продолжението на шампионатот во Втората лига - Исток.
Христијан Божиновски од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот на нашиот тим против Кит Го кој во рамките на 6. коло ќе се игра в недела (29. септември) со почеток од 15 часот во Пехчево.
Брегалница благодарение на погодокот на Пепи Ѓорѓиев во 41. минута триумфираше со 1-0 и со предност ќе патува на реванш дуелот против Македонија ЃП од осминафиналето во Купот на Македонија.
Брегалница со предност ќе го очекува реванш осминафиналниот натпревар во Купот на Македонија откако во првата меѓусебна средба во Штип сосема заслужено славеше против Македонија ЃП со 1-0 (0-0). Стрелец на единствениот гол за „сините“ беше Пепи Ѓорѓиев во 42. минута од натпреварот.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.